Search

Русија: Состанокот помеѓу Путин и Трамп ќе се одржи како што е планирано

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков изјави дека средбата помеѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи како што е планирано, како и дека Русија не добила поинаква информација од американскиот партнер, пренесе „АП“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп навести за „Вашингтон Пост“ дека би можел да ја откаже средбата со Путин во Аргентина, на маргините на Г20 самитот, по конфликтот со украинските бродови во Црното море.

„Можеби нема да има состанок“, рече Трамп и додаде дека не сака агресија.

Треба да знаете
Последни објави