Search

Русија се против вклучување на САД во преговорите за Украина

Русија го отфрли предлогот САД да се вклучат во преговорите за решавање на судирот меѓу владата во Киев и проруските сепаратисти на истокот на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека нема поддршка за идејата Вашингтон да се придружи на Нормандискиот формат во обидот да се реши тој судир. Форматот ги опфаќа Русија, Украина, Германија и Франција.

Песков, сепак, додал дека САД можат да го искористат своето влијание во Украина, реагирајќи на изјавата на белорускиот претседател, Александар Лукашенко, дека судирот во Украина нема да може да се реши без учество на САД.

„Ставот дека САД на крајот ќе мора да се придружат на форматот нема поддршка. Сепак, САД сигурно може да го искористат своето влијание во Киев како би се осигурало дека Украина ќе ги исполни своите обврски од Договорот од Минск што е можно побргу“, додал тој, говорејќи за мировниот договор од 2015 година кој сè уште не е спроведен во целост.

Треба да знаете
Последни објави