Search

Русија: Руското знаме на катедралата во Солсбери е добра местенка

Руската амбасада во Обединетото Кралство во неделата го нареќе инцидент во кој беше развеано руското знаме на ѕидовите на катедралата во Солсбери, добро изведена провокација, пренесува „Спутник“.

Ги видовме овие извештаи, но немаме официјални информации за нив. Ако извештаите за поставување на руското знаме се вистинити, тогаш сето тоа ни изгледа како добро изведена провокација”, рече портпаролот на амбасадата.

Тој, исто така, потсети дека Велика Британија не успеала да претстави никакви значајни докази за наводната руска вмешаност во инцидентот со труење во Солсбери.

Поради оваа причина, ние го сметаме поставувањето на руското знаме на катедралата за уште еден несмасен обид да ја поврзат Русија со тажните настани што се случија во Солсбери минатиот март”, изјави портпаролот.

Претходно во неделата, неидентификуван човек развеа огромно руско знаме на северниот ѕид на Соборната црква на Пресвета Богородица во Солсбери, Велика Британија. Знамето подоцна беше отстрането.

Градот и неговата историска катедрала влегоа во меѓународниот фокус откако поранешниот офицер на руската разузнавачка служба, Сергеј Скрипал, и неговата ќерка Јулија, наводно, беа затруени со нервен агенс во март 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави