Search

Русија преку Германија до финалето во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Русија се пласираше во финалето на Дејвис купот, откако вечерва во Мадрид ја совлада Германија со 2:0.

Првиот бод на Русија и го донесе Андреј Рубљов, кој го совлада Доминик Кепфер со 6:4, 6:0, а победата ја обезбеди Дмитриј Медведев со триумфот над Јан Ленард Штруф со 6:4, 6:4.

Противник на Русија во утрешното финале ќе биде Хрватска, која вчера со 2:1 беше поуспешна од Србија.

Русија и Хрватска ќе се борат за својата трета титула во Дејвис купот.

Русија беше победник во 2002 и 2006 година, додека Хрватска триумфираше во тенискиот Дејвис куп во 2005 и 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави