Search

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска вакцина врз основа на аденовирус, која е комбинирана со САРС-КоВ-2 за да се постигне имунолошки одговор во организмот.

Справувајќи се со шпекулациите за безбедноста и ефикасноста на вакцината, Александар Гинтсбург, директор на Националниот центар за истражување Гамалеј, тврди дека честичките на коронавирусот во вакцината не можат да му наштетат на телото, бидејќи не можат да се размножуваат.

Иако руската вакцина доби предност, експертите го доведуваат во прашање брзиот пристап кон развојот на вакцината. Александар Чепурнов, поранешен шеф на заразни болести во „Вектор“, беше скептичен во однос на податоците дадени од руската влада.

„Постои опасност во однос на можноста за влошување на болеста со погрешна вакцина. Коронавирусот е веќе познат дека може да ја интензивира инфекцијата во присуство на одредени антитела. Значи, треба да се знае кои антитела се формираат со вакцината”, рече тој.

Светската здравствена организација (СЗО) веќе ги предупреди руските власти да ги следат утврдените упатства за производство на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирус. Со оглед на фактот дека бројот на коронавирусни инфекции во светот продолжува да расте со алармантна стапка, научниците и медицинските експерти прават забрзани напори за развој на вакцината.Во моментов има повеќе од 160 кандидати за вакцината во различни фази на производство, а 27 од нив пристапија кон испитувања врз луѓето.

Додека вакцината создадена на универзитетот Оксфорд и производителот на лекови АстраЗенека се смета за една од главните во трката, Русија е подготвена да стане првата земја во светот што ќе ја лансира својата вакцина против коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави