Search

Русија очекува ОБСЕ да придонесе за решавање на украинската криза

Русија се надева дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе го даде својот придонес во решавањето на кризата во Украина, а и Русија ќе биде посветена на тоа, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со шефот на делегацијата на француските политичари, претседателот на француско-руското здружение за дијалог Тиери Маријани, пренесува ТАСС.

„Се надеваме дека ОБСЕ ќе го даде својот позитивен придонес. Организацијата сега е прилично активна во југоисточна Украина и ќе придонесе за решавање на таа криза како и многу други кризи на евроазискиот простор. Ние ќе се залагаме за тоа на секој можен начин”, рече Путин.

Треба да знаете
Последни објави