Search

Русија не ја исклучува можноста да распореди ракети на тлото на своите сојузници

Русија би можела да распореди ракети на територијата на своите сојузници доколу САД поставaт слично оружје на европска територија, предупреди претседателот на Комитетот за надворешни работи во Горниот Дом на рускиот парламент, Константин Косачев.

Намерата на САД да се повлече од Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел (INF) од 1987 година, би можела да укажува на можност за распоредување на ракети забранети со овој договор на териотријата на Европа, изјави Косачев, а пренесе новинската агенција АП.

Рускиот висок претставник предупреди дека ако дојде до распоредување на вакво оружје, Русија ќе ги има на нишан американските ракети.

На таквиот потег би можеле да одговориме и со распоредување на слични ракети поблиску до границите со нашите соседи, а доколку е потребно и на територијата на сојузниците, додал Косачев.

Сепак, според него, вавите опции се хипотетички, а Русија и натаму се надева дека INF договорот може да се спаси.

„Ние активно работиме со сите оние кои се подготвени да соработуваат со Русија во зајакнувањето на притисокот врз САД, со цел да се зачува договор“, рече тој, но не прецизираше во кои земји би можеле да бидат распоредени руски ракети доколку договорот пропадне.

Треба да знаете
Последни објави