Search

Русија негира дека нејзини војници се борат во северозападна Сирија

Русија денеска ги негираше обвиненијата на сириските бунтовници дека руските специјални сили или копнени трупи се борат за преземање на контролата над покраината Идлиб, последниот голем бунтовнички бастион, јави руската новинска агенција РИА.

Висок командант на бунтовниците изјави дека Русија последните денови испратила специјални сили за да се борат  на страната на сириските владини трупи кои ја предводат офанзивата повеќе од два месеца во северозападна Сирија за да го освојат последниот бастион на опозицијата.

– Русија никогаш немала и нема копнени сили во Сирија, соопшти Министерството за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави