Search

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за издавање визи.

Судот во Рјазањ, град оддалечен на 200 километри од Москва, наведе дека групата од американскиот универзитет дошла во Русија со туристичка виза, но дека одржала предавање на еден локален универзитет.

„Оваа активност не е во склад со нивната цел наведена за влез во Русија“, се наведува во соопштението на судот.

Петмината Американци добиле и парична казна. Тие може да поднесат жалба на одлуката за депортација.

Американската амбасада во Москва и Универзитетот засега не се огласија за случајот.

Треба да знаете
Последни објави