Search

Русија и Холандија на една победа до полуфинале на ЕП за ракометарки

 На Европското првенство во ракомет за жени што се игра во Франција, репрезентациите на Русија и на Холандија вечерва забележаа победи и со максимални шест бодови се на добар пат кон пласман во полуфиналето.

Русија беше подобра од Србија со резултат 29:25, додека Холандија ја совлада Романија со 29:24.

На другите две денешни средби Унгарија ја совлада Германија со 26:25, Шведска и Франција ремизираа 21:21.

Пласман Група-1: Русија 6 бода, Франција 5, Шведска 3, Србија 2, Црна Гора 2, Данска 2.

Пласман Група-2: Холандија 6 бода, Романија 4, Германија 4, Унгарија 4, Норвешка 2, Шпанија 0.

Треба да знаете
Последни објави