Search

Русија и Кина блокираа резолуција на ОН за прекин на огнот во Сирија

Советот за безбедност на Обединети нации не ја прифати резолуцијата на Белгија, Германија и Кувајт за прекин на огнот во Идлиб, бидејќи две постојани земји членки на СБ гласаа против.

Против гласаа Русија и Кина, а „за” резолуцијата гласаа 12 земји членки на СБ, а една се изјасни како воздржана.

Претходно, на Белгија, Германија и Кувајт до СБ поднесоа нацрт резолуција за Идлиб, со која се повикуваат сите страни на прекин на огнот на 21 септември на пладне по сириско време. Со документот се бараше и почитување на меѓународното хуманитарно право и обезбедување на хуманитарен пристап.

Русија и Кина претставија своја верзија на резолуција со која се бара примирјето во Идлиб да почне на полноќ на 20 септември.

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја соопшти дека во Идлиб ниту се воделе и не се водат никакви големи воени операции. Тој тврди дека во таа сириска провинција се почитува прекинот на огнот, кој само периодично е нарушуван.

Треба да знаете
Последни објави