Search

Русија исфрлена и од квалификациите за ЕУРО 2024

Руската фудбалска репрезентација нема да биде во квалификациската ждрепка за Европското првенство во 2024 година. Ждрепката ќе се одржи на 9. октомври во Франкфурт.

Речиси сите национални селекции и руски клубови беа суспендирани од меѓународните натпреварувања по почетокот на војната во Украина, а информацијата дека „Зборнаја“,нема да биде на ждрепката за претстојното Европско првенство ја пренесе претседателот на Фудбалската федерација на Русија, Андреј. Павелко.

„Русите едноставно немаат за што да се подготвуваат. Русија нема да биде во Франкфурт на 9. октомври. Барем до 2024 година нема да имаат официјални меѓународни фудбалски натпреварувања. ЕВРО 2024 ќе се одржи без Русија“, изјави Павелко.

Континенталниот шампионат ќе се одржи од 14. јуни до 14. јули 2024 година, а на турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации.

УЕФА претходно ја исфрли руската репрезентација од Светското првенство во 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави