Search

Русија им забрани на војниците да користат паметни телефони

Руските законодавци усвоија нов предлог-закон за забрана на користење на електронските уреди што можат да снимаат фотографии и видеа, како и да собираат геолокациски податоци – во основа, сите современи преносни уреди, пренесува РТ.

Предлог-законот, одобрен од државната Дума по последното читање во вторникот, им забранува на сите активни војници и резервисти за време на обуката да споделуваат на интернет или во медиумите какви било информации кои би можеле да ја откријат нивната локација, во кои единици служат, информации за колегите војници итн.

Освен тоа, на военит лица им е забрането дури и да имаат уреди кои можат да складираат и / или да пренесуваат фотографии, видеа и прецизни податоци преку интернет.

Спонзорите на нацрт-законот ја објаснија потребата за тоа со фактот дека воените лица претставуваат посебен интерес за странските разузнавачки служби и терористички групи. Затоа, размената на лични податоци додека се на должност може да биде опасно за војниците и за целиот народ.

Русија се обидува да ја подобри тајноста на својата војска, усвојувајќи низа мерки за ограничување на протокот на потенцијално чувствителни податоци од војниците.

Во ноември минатата година, војската воведе специјални курсеви за војниците и офицерите за тоа како да се однесуваат на интернет за да ги заштитат државните тајни. Обуката го вклучува она што треба – и што не треба – да им се кажува на странците, како безбедно да се користат социјалните мрежи и други насоки.

Треба да знаете
Последни објави