Search

Русија забрани извоз на нафта и на нафтени деривати во Украина

Руската влада го забрани извозот на руска нафта и нафтени деривативо Украина, рече премиерот Дмитриј Медведев на состанокот на владата денеска, пренесува ТАСС.

Медведев, исто така, ја продолжи забраната за увоз на одредени украински стоки.

„Принудени сме да ги заштитиме нашите интереси и да возвратиме”, рече тој на состанокот на кабинетот, зборувајќи за украинските рестрикции против Русија.

„Го потпишав владиниот декрет за таа мерка. Ја прошируваме забраната за увоз на одредени видови стока во Русија која ќе се применува за украински инженерски производи, производи за широка потрошувачка, метални производи, чија вредност минатата година изнесуваше речиси 250 милиони долари,” рече тој .

Треба да знаете
Последни објави