Search

Русија забележала 19 странски шпионски авиони близу границата

Деветнаесет странски шпионски авиони биле откриени при вршењето извиднички активности во близина на руската граница, покажува неделната инфографика објавена во официјалниот весник на руските вооружени сили „Краснаја ѕвезда“, пренесува „Спутник“.

Според материјалот, руските авиони биле активирани во воздух четири пати за да спречат странскиот авион нелегално да премине во рускиот воздушен простор, но тоа не се случило, покажуваа податоците.

Не е првпат руската армија да открие странските шпионски авиони што изведуваат разузнавачки активности во близина на руската граница.

Претходно, „Краснаја ѕвезда” објави инфографика според која на 8 февруари биле забележани 24 странски извидувачки авиони.

Треба да знаете
Последни објави