Search

Русија до 2021 година ќе произведе стелт авион

Русија работи на прототипот на првиот стелт авион, а за проектот е задолжена државната корпорација „Јунајтед авиони”.

Стелт авионот треба да биде готов следната година. Стелт бомбардерите се дизајнирани за да избегнат откривање од радарите и можат да носат големо количество оружје.

Според достапните информации, авионот ќе биде сличен на американските стелт бомбардери, ќе лета со субсонична брзина и ќе носи крстосувачки ракети и хиперсонично оружје.

Стелт бомбардерите на американската армија се помеѓу најголемите воени авиони во светот. Кина работи на сопствен стелт авион, што ќе го претсатви во ноември годинава.

Треба да знаете
Последни објави