Search

Русија главна тема на состанокот на НАТО

Русија е главна тема на состанокот на НАТО чии министри за надворешни работи денеска се состанаа, со цел да се разговара за начините како да се одврати Москва од дестабилизација на Украина.

Според АП, ќе се разговара и за начините Москва да се охрабри и да го почитува важниот договор за нуклеарно оружје од периодот на Студената војна.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео и неговите партнери од НАТО ќе разговараат и со украинскиот министер за надворешни работи, Павел Kлимкин, во време кога Киев бара меѓународна поддршка во конфликтот со Русија.

Руската гранична стража минатата недела отвори оган и заплени три украински бродови во теснецот, во близина на Крим, со бродовите запленет беше и екипажот под обвинение дека тие навлегле во руските државни граници.

Сепак, не е јасно што уште би можел НАТО да направи, покрај поморските и воздухопловните патроли кои веќе се во регионот.

Посочувајќи дека Украина не е членка на НАТО, генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, на украинските власти им посочи дека членовите на тоа здружение веќе „обезбедуваат силна политичка и практична поддршка”.

Шефовите на дипломатијата на НАТО денеска ги започнаа дводневни разговори за клучните прашања за заедничката безбедност на Алијансата.

Утре, на вториот ден од состанокот како што е предвидено, Столтенберг заедно со шефот на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини ќе ја разгледаат ситуацијата на земјите од Западен Балкан.

Треба да знаете
Последни објави