Search

Русија ги предупреди САД да не ризикуваат со напад на Калининградската област

Гувернерот на Калининградската област, Антон Алиханов, не им советува на САД да ризукуваат и да го нападнат регионот зашто техничката состојба и моралниот дух на силите стационирани таму можат да му пружат отпор на секој противник, пренесува „Спутник“.

„Нема да ги прозивам, но секако дека не им се плашиме. Кај нас е главната база на Балтичката флота. И моралниот дух и техничката состојба на силите во Калининградската област се такви што никому не му советувам да ризикува да се задева со нашите војници,“ изјави Алиханов коментирајќи го пишувањето на „Нејшнел интeрест“ дека американски бомбардер Б-52 изведувал вежби за гаѓање со крстосувачки ракети во Калининградската област.

Тој ја посоветува американската војска подобро да се запознае со историјата на Русија.

„Би сакал американските генерали да ги прочитаат историските книги за сите оние што правеа планови против Русија и како завршија тие. Зашто пред секој американски генерал и неговиот план стои рускиот народ. Мислам дека историјата одамна требаше да им го дотера умот на нашите противници,“ посочи рускиот функционер.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, ги оквалификува зборовите на американскиот генерал како неодговорна закана.

„Гледаме со каква леснотија политичкиот естаблишмент, особено во САД, оперира со така сериозни и сложени прашања како што се светската безбедност и стабилност. Тоа е апсолутно неодговорно. И не е само прашање на неодговорност, туку и на глупост. Паметните луѓе кои ги изразуваат интересите на луѓето што ги именувале на одговорните должности или ги избрале никогаш нема да излезат со такви изјави, знаејќи дека тие ѝ штетат на таа држава што ја претставуваат.

Американскиот генералл Џозеф Ли Хариган претходно изјави дека Вашингтон има план како да го пробие системот за противвоздушна одбрана во Калининград во случај на „руска агресија“.

Треба да знаете
Последни објави