Search

Русија ги игнорира санкциите наметнати од САД врз руските бизнисмени

Кремљ ги игнорира ограничувањата наметнати врз руски бизнисмени кои би требало да дојдат на Светскиот економски форум во Давос во јануари и го поздрави потегот на организаторите кои ја укинаа забраната за доаѓање на неколку руски тајкуни.

„Фајненшал тајмс“ минатиот месец објави дека Олег Дерипаска, Виктор Векселберг и Андреј Костин биле извесетни да доаѓаат на форумот поради санкциите кои Вашингтон ги наметна над одредени руски бизнисмени.

Руската новинска агенција РИА во саботата цитирајќи извор од владата посочи дека забраната е укината. Интернет порталот „Бел“, пак, објави дека организаторите се откажале од забраната за Русите, но под услов да не учествуваат на панели во рамките на форумот каде што ќе бидат и американските граѓани, како и на други настани, на маргините на форумот, на кој ќе бидат организирани од страна на САД.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва го поздравува потегот на организаторот, кој ќе овозможи учество на руските бизнисмени на форум во Давос и ќе ги игнорира ограничувањата наметнати врз нив.

Треба да знаете
Последни објави