Search

Русија ги затвора границите од 30 март

Русија ќе ги затвори своите граници од 30 март во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, соопшти денеска руската Влада. Мерката ќе се однесува на сите возила, железничките и пешачките контролни пунктови, како и на руските поморски граници.

Од оваа мерка ќе бидат изземени само руските дипломати и возачите на камиони.

Русија веќе ги прекина меѓународните летови. Во Русија досега се пријавени 1.264 случаи на заразени со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави