Search

Русија: Бугарија е епицентар на тајните служби кои работат против Москва

Американските тајни служби покренаа голема кампања за дискредитација на политичките и јавните личности во земјите на Источна Европа што се залагаат за развој на добрососедските односи со Русија, а Бугарија е епицентар на шпионските скандали со цел неосновано да се протераат руски дипломати, соопшти руската Надворешно-разузнавачка служба, пренесува „Спутник“.

„Со таа цел се ангажираат агенти и невладини организации кои се финансирани од јавните институции во САД”, се вели во соопштението на оваа служба.

„Последната таква акција е почната преку медиумите и политичарите блиски до ЦИА заедно со бугарските тајни служби кога беа разгласени невистини дека главна тема на разговорите од 10 февруари меѓу директорот на руската Надворешно-разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, и шеикот Мухамед бен Рашид Ал Мактум била судбината на бугарскиот бизнисмен Васил Божков. Тој човек наводно бил приведен во ОАЕ по барање на Бугарија под обвинение за финансиски криминал,“ се вели во документот.

Според наводите на руската Надворешно-разузнавачка служба, во овие активности против Русија особено се истакнува бугарскиот вицепремиер Валериј Симеонов.

„Врз основа на резултатите од нашата истрага, утврдивме дека иницијален извор на овие ‘сензационални’ податоци е претставник на бугарската тајна служба во една од земјите од регионот кого го контролират и охрабруваат Американците, кои го насочуваат да работи против руските интереси”, велат од руската служба.

Според нив, лажирањето на информациите има за цел да ги искомплицира меѓународните односе на ОАЕ и Русија.

Треба да знаете
Последни објави