Search

Русија блокираше украински пристаништа, тензијата расте

Две украински пристаништа во Азовското Море, Бредјанск и Мариупол, се под руската блокада и забранет e влез и излез од нив, изјави денеска украинскиот министер за инфраструктура, Володимир Омељан.

Вкупно 35 бродови биле спречени да ги извршат своите редовни операции, а допуштен е влез само на бродови кои одат кон руските пристаништа во Азовското Море, напиша тој на „Фејсбук“.

„Целта е едноставна – со блокадата на украинските пристаништа во Азовското Море, Русија се надева дека ќе ја протера Украина од нејзината територија – територија која е наша, во согласност со сите релевантни меѓународни закони“, објаснува тој.

Омељан рече дека 18 бродови чекаат за влез во Азовското Море, од кои четири во Бердјанск и 14 во Мариупол.

Исто така има и девет пловила кои треба да го напуштат Азовското Море и осум што стојат пред влезовите на пристаништето.

На азовските пристаништа доминира превозот на житарици и челик.

Треба да знаете
Последни објави