Search

Русија бара од Јутјуб да ги блокира информациите за протести пред изборите

Руската агенција за надзор на медиуми побара од Гугл да преземе акција за да ја спречи нејзината страница Јутјуб да им овозможува на корисниците да испраќаат информации за неодобрени протести во Русија.

Валвата одлука следи по неколкуте демонстрации во Москва поради одбивањето на номинации на некои опозициски и независни политичари за изборите за московското собрание на 8 септември.
Роскомнадзор се пожалил кај Гугл дека се користат канали на Јутјуб за да испратат известувања за неодобрени протести, како и за митинзи насочени за спречување на изборите.

Руската агенција најави контрамерки, бидејќи смета дека ако Гугл не го реши проблемот, тоа ќе се смета за мешање во внатрешните работи на Русија.

Треба да знаете
Последни објави