Search

Русија: Америка врши притисок на гласањето во СБ на ОН

САД извршиле притисок на членките на СБ на Обединетите Нации за процесот на гласање за Идлиб да заврши во ќорсокак, вели портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува „Спутник“.

„Во текот на работата на проектот, руската делегација предложи конструктивни амандмани насочени кон тоа прекинот на огнот да не се однесува на антитерористичкте акции. Тие амандмани беа игнорирани, па коавторите сакаа да ја продолжат работата на формулациите на текстот. Ние имаме информации дека претставници на САД вршеле притисок на членките на Советот за безбедност на ОН за процесот на усогласување на резолуцијата да заглави во ќорсокак и да не влезе во конструктивна дискусија“, вели Захарова.

Постојаниот претставник на Русија во СБ на ОН, Василиј Небензја, објасни дека целта на нацрт- резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Идлиб, подготвена од Германија, Белгија и од Кувајт, е да ги спаси терористите кои се наоѓаат во регионот.

Треба да знаете
Последни објави