Search

Русија: Американската ПВО не ја заштити Саудиска Арабија зашто е неефикасна

Моќната групација американски противвоздушни системи разместена во Саудиска Арабија не успеа во одбраната од нападот на нафтените постројки во таа земја зашто не е доволно ефикасна, изјави висок претставник на руското Министерство за одбрана, пренесува „Спутник“.

Со оглед на тоа дека ПВО системите „Еџис“ и „Патриот“ не успеаја да го одвратат големиот воздушен напад, јасно е дека тие не ги исполнуваат карактеристиките што се декларирани на тоа оружје.

„Оправдувањето на американскиот државен секретар Мајк Помпо дека ПВО системите во некои ситуации работат со променлив успех може да се прифати само ако станува збор за еден комплекс „патриот“ кој штити определен објект, но во Саудиска Арабија, благодарение на САД, е поставена моќна групација која покрива широко поле на дејства“, објасни тој.

Извор од русиот воен ресор прецизира дека северната граница на Саудиска Арабија ја покриваат 88 лансирни станици „патриот“ од кои 36 се со модификација ПАЦ-2 и уште 52 најнови ПАЦ-3, а покрај тоа, на крајбрежјето на земјата има уште три американски разорувачи кои носат системи „Еџис“ со ракети СМ-2.

„Како е можно толку моќен ПВО систем да пропушти десетина дронови и крстосувачки ракети? Причината е само една- овие системи не одговараат на декларираните карактеристики, не се доволно ефикасни против воздушни цели со мал габарит, особено кога станува збор за масовен напад“ вели тој.

Треба да знаете
Последни објави