Search

Русија: Американската воена техника на сириските нафтени полиња води до ескалација

Концентрирањето воена техника од страна на САД на нафтените полиња во Сирији води кон ескалација на тензиите, вели заменик шефот на руската дипломатија, Михаил Богданов, пренесува ТАСС.

„Не можеме да поздравиме такво нешто, бидејќи тоа води кон дополнителна ескалација на тензиите“, рече тој.

Богданов потсети дека наскоро ќе се одржи средба во рамките на Астанскиот формат, на која ќе биде разгледано тоа прашање како и целокупната ситуација во врска со прекинот на борбени дејства и незаконското воено присуство на различни страни.

„Од САД тврдат дека ги разместуваат своите сили за да се борат против Исламска држава, но со оглед на тоа дека во долината на Еуфрат нема терористи, се поставува прашањето зошто се тие таму“, вели тој.

Како што неодамна соопшти сириската државна телевизија, Американците ја концентрирале воената техника во областа на нафтените полиња во близина на градот Румејлана, во провинцијата Ел Хасака на североистокот од Сирија. Според информациите, десетици единици техника се префрлени од американските позиции на северот од провинцијата Рака во западниот дел од провинцијата Ел Хасака.

Богданов нагласи дека природните ресурси треба да им припаѓаат на Сирија и сирискиот народ и треба да бидат контролирани од легитимната влада со оглед на тоа дека сите други прашања треба да бидат решени преку контакти меѓу самите Сиријци во Астана, Женева или кое било друго место.

Треба да знаете
Последни објави