Search

Русите се плашат од скок на цените, забрана за извоз на жито

Со цел да се избегне покачувањето на цените на домашниот пазар поради пандемијата на коронавирусот, Русија воведе квоти за извоз на житни култури до крајот на јуни, намалувајќи го извозот од 43,3 милиони тони на 7 милиони тони.

Менаџментот на Светската здравствена организација и Светската трговска организација стравуваат дека ваквите ограничувања ќе го нарушат целиот синџир на снабдување со храна во светот, пишува францускиот весник „Валер актиел“.

Квотите се воведени до крајот на јуни, а ограничувањата се однесуваат на пченица, пченка, јачмен и ‘рж.

Во новиот закон се вели дека овие житни култури се важни за националниот пазар, а во услови на епидемија на коронавирусот, властите сакаат да избегнат пораст на цените.

Во исто време не се наметнати ограничувања на трговијата со Казахстан и Белорусија, со кои Русија склопи царинска унија.

Треба да знаете
Последни објави