Search

Русите направија урнебесна песна за Колинда: Нежно ќе се галиме на дождот

Откако се прослави како „кул политичарка“ за време на Светското првенство во фудбал во Русија, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ повторно е во фокусот на вниманието.

Овојпат причината е   песната на руската пејачка Алина Захарова во кои Колинда има главна улога.

„Нежно ќе се галиме на дождот“, пее Алина, потсетувајќи на доделувањето на медалите на Мундијалот во Русија кога Колинда без чадор стоеше на дождот и ги гушкаше сите момци на нејзината репрезентација.

Колинда одушевува и со неа денот станува празник, пее понатаму Алина.

„Без Колинда не можеме да се одмориме, многу многу ве сакаме, многу ве чекаме“, гласи текстот што продолжува со стиховите:„И никој не можеше во гради да го додржи уживањето“.

Алина очигледно целела на меѓународен успех со песната, или во најмала рака во Хрватска, но во спотот е многу лошо титлувана песната на хрватски јазик.

„Колинда се потруди да испрати лична порака до руските навивачи.Многу убаво и љубезно се однесуваше цело време, нѐ пофали како домаќини“, рече Алина која е воедно и композитор, сценарист и вистинска естрадна ѕвезда во Русија.

Треба да знаете
Последни објави