Search

Русин сопственик на првиот црногорски пасош во рамки на економско државјанство

Црна Гора го додели првиот пасош во рамките на проектот за економско државјанство на граѓанин на Русија, дознаваат подгорички „Вијести”. Информацијата дека е доделен првиот пасош беше официјално потврдена од компанијата Хенли енд Партнерс, која е една од трите лиценцирани агенти за посредување во тој проект, но заради доверливост, не можеа да го откријат името на нивниот клиент и неговата матична земја.

Претставник на компанијата, со 30 канцеларии низ целиот свет, вели дека добиле барања за програмата за државјанство на Црна Гора преку инвестиции од сите континенти.

Владината тригодишна програма за стекнување економско државјанство преку инвестиции започна на 1 јануари минатата година, а преку нејзино спроведување ќе бидат доделени 2.000 пасоши.

Со годинашниот буџет беше планирано да се внесат 15 милиони евра во државната каса врз основа на реализација на тој проект, но во ребалансот на буџетот, тие приходи не беа проектирани поради тековната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави