Search

Русинките ја освоија бронзата на СП во ракомет

Репрезентацијата на Русија го освои третото место на Светското првенство за ракометарки кое се игра во Јапонија.
Во денешниот дуел за бронза, Русија ја победи Норвешка со 33:28. Русинките кои се олимписки шампионки, на првенството во Кумамото загубија само еден натпревар, во полуфиналето од Холандија, и тоа се покажа како кобно за нив, па мораа да се задоволат само со трето место.
За Русинките ова е прва бронза, и прв медал на женско СП после пауза од десет години.

Во финалето од 12.30 часот играат Шпанија и Холандија. За Шпанија ова е прво финале, а за Холандија второ.

Треба да знаете
Последни објави