Search

Руни: Меси и Роналдо не можат да му помогнат на Манчестер Јунајтед

По разочарувачката сезона во Манчестер Јунајтед, поранешниот капитен на „црвените ѓаволи” Вејн Руни го советуваше својот поранешен тим да прибегне кон скапи набавки.

– Оле (Гунар Солскјер) треба да изгради тим. Не верувам дека ќе им помогне на играчите, кои сега се таму, ако се купат еден или двајца играчи за повеќе од 100 милиони, изјави Руни за Би-Би-Си.

Според него, Солскјер треба „подобро да даде 30 или 40 милиони за играчи со потенцијал и да го изгради тимот околу 5-6 играчи”.

– Може да земеш играчи како Роналдо, Меси, Рамос или Бејл, но тие чинат повеќе од 350 милиони евра и за тоа добиваш две години, а потоа парите ги нема, додаде играчот на Ваѓингтон Ди Си.

Треба да знаете
Последни објави