Search

Руд и Ѓоковиќ напредуваа на АТП листата

Каспер Руд и Новак Ѓоковиќ напредуваа на тениската АТП листа. Норвежанецот и Србинот, синоќа во Торино, играа во финалето на завршниот Мастерс. Ѓоковиќ победи со 7/5, 6/3.

Норвежанецот Руд, со пласманот во финалето го забележа најдобриот ранкинг во кариерата. Годината ја заврши на третото место, пред него се Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

Руд на листата го скокна Стефаноз Циципас.

Победникот во Торино, Ѓоковиќ, напредуваше за три места, сега се наоѓа на петтата позиција со 2.000 поени помалку од првопласираниот Алкараз.

Шестти во светто е Феликс Оже-Алијасим, следуваат Русите Данил Медведев и Андреј Рубљов, Тејлор Фриц остана на деветотот место, а Топ 10 го затвора Хуберт Хуркач.

АТП листа:

1. Карлос Алкараз (Шпанија) 6.820 бодови
2. Рафаел Надал (Шпанија) 6.020
3. Каспер Руд (Норвешка) 5.820
4. Стефанос Циципас (Грција) 5.550
5. Новак Ѓоковиќ (Србија) 4.820
6. Феликс Оже-Алијасим (Канада) 4.195
7. Данил Медведев (Русија) 4.065
8. Андреј Рубљов (Русија) 3.930
9. Тејлор Фриц (САД) 3.355
10. Хуберт Хуркач (Полска) 2.905

Треба да знаете
Последни објави