Search

Рудолф Инграм – новиот Усеин Болт

Седумгодишниот Американец Рудолф Инграм Јуниор, познат под прекарот „Големата Молња”, сега го доби и епитетот – „новиот Усеин Болт”.

Момчето, кое веќе има 300.000 следачи на својот профил на Инстаграм, освен атлетика, тренира и рагби, а со својот детски државен рекорд од 100 метри за само 13,48 секунди, го привлече вниманието и на американската кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс и на рагби тимот „Тампа Беј Баканирс”.

Малиот Рудолф почнал да тренира кога имал само четири години, а неговиот татко се надева дека еден ден ќе го види својот син на некоја Олимпијада.

Треба да знаете
Последни објави