Search

Рудигер во Реал Мадрид до 2026 година

Германскиот фудбалски репрезентативец Антонио Ридигер потпиша денеска официјално договор со Реал Мадрид, објави шпанскиот првак.

Ридигер (29) претходно денеска ги мина медицинските прегледи во Мадрид, а потоа во присуство на претседателот на Реал, Флорентино Перез, потпиша четиригодишен договор со актуелниот шпански и европски првак.

Германецот дојде во мадридски Реал без обесштетување, откако му истече договорот со Челзи.

Ридигер во Реал ќе го носи дрес со бројот 22.

Треба да знаете
Последни објави