Search

Ругова: Курти не е заеднички кандидат за премиер

Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК)  Насер Ругова изјави дека лидерот на Самоопределување Албин Курти  не е заеднички кандидат за премиер, како и тоа, доколку и дојде до договор меѓу овие две партии, премиерот ќе го даде неговата партија ДСК.

-Доколку дојде до договор, ДСК и Самоопределување ќе состават заедничка листа и ДСК ќе ја предводи таа листа, рече Ругова, пренесува Косовоонлајн, повикувајќи се на весникот Зери.

Весникот, исто така, наведе лидерот на ДСК, Иса Мустафа, и Албин Курти пред два дена се сретнале во Приштина, а седницата на косовското Собрание на која ќе се расправа за негово самораспуштање е закажана за 22 август.

Треба да знаете
Последни објави