Search

Рој Кин смета дека борбата за титулата во Англија е завршена

Некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед и поранешен ирски репрезентативец, Рој Кин, смета дека предноста на Ливерпул пред конкурентите во Премиерлигата е толку голема, што не може да се испушти.

– Тие се во неверојатна форма. Веќе две-три години играат вака добро и тоа е фантастично. Играњето со ваква енергија ти дава огромни шанси за титулата. Нормално, нема да биде лесно, ако беше лесно сите ќе освојуваа титули. Не сум по обложувањето, но мислам дека сè е јасно, изјави Кин.

После победата од 3:1 против Манчестер сити, Ливерпул има осум бода предност пред Лестер и Челзи, а девет пред Сити. 

Треба да знаете
Последни објави