Search

Ројтерс: Македонија со датум за преговори до крајот на годинава, но не и Албанија

Северна Македонија најверојатно ќе ја добие подршката од ЕУ до крајот на годинава за датум за преговори за членство, но Албанија се соочува со противење од Франција, Холандија и Германија велат дипломати за Ројтерс.

Според нив, на претстојниот лидерски ЕУ самит од 20-21 јуни и покрај очекувањата на Северна Македонија и Албанија, двете балкански држави нема да добијат зелено светло, иако 13 земји членки, вклучувајќи ги Италија и Полска како и претседателот на Европскиот совет  Доналд Туск побараа и официјално почнување на преговорите.

Треба да знаете
Последни објави