Search

Ројтерс: Еден Американец умира од коронавирус на секоја минута

Едно лице умира од ковид-19 на секоја минута во Соединетите Американски Држави, јавува новинската агенција „Ројтерс“.

Вкупниот број на смртни случаи во САД надмина 150.000, што е најмногу во светот, а стапката на смртност се зголемува.

Според анализата на „Ројтерс“, бројот на пациенти расте секој ден во 37 американски држави, додека стапката на смртност се зголемува од ден на ден во 26 сојузни држави.

Бројот на починати во САД е во пораст веќе трета недела по ред.

Треба да знаете
Последни објави