Search

Ројс може да го пропушти мечот со Баерн

Капитенот на фудбалски бундеслигаш Борусија Дортмунд, Марко Ројс, нема да може да настапи на натпреварот од 27. коло против Волфзбург закажан за 23 мај, поради повреда на бутен мускул, објави „Билд”.

Според германскиот весник, 30-годишниот Ројс, исто така нема да игра со Баерн на 26 мај. а голема е веројатноста фудбалерот да го пропушти остатокот од сезоната, која беше продолжена на 16 мај.

Во досегашниот дел од сезоната 2019/20, Ројс одигра 26 натпревари за Борусија, постигна 12 голови и направи шест асистенции.

Треба да знаете
Последни објави