Search

Ројс: Дортмунд се справува добро без мене

– Повредениот капитен на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ги пофали момчињата за одличната работа во негово отсуство.

Тој се здоби со повреда во поразот од Вердер Бремен за Купот на Германија на 4 февруари (2-3) и сè уште не е јасно кога ќе се врати во игра. Прогнозите тогаш беа дека тој ќе биде аут четири недели.

– Ова не е повреда по кој може да се каже дека ќе се вратите за 3 недели. Немам определено точен натпревар за да се вратам. Важно е да бидам потполно здрав и да не чувствувате болка. Немам точна прогноза за кога ќе се вратам. Сепак, мислам дека во наредните недели ќе можам да тренирам повторно со тимот. Момчињата добро се спарвуваат без мене. Победите над Ајнтрахт и ПСЖ ни дадоа голема самодоверба. Тоа се виде многу добро при нашиот успех во Бремен минатата недела”, рече Ројс, цитиран од весникот „Рурнатрихтен”.

Треба да знаете
Последни објави