Search

Рохани со критики до ОН поради Сирија

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска упати критики до Обединетите нации дека не преземаат видливи мерки во Сирија со цел да обезбедат мир и безбедност.

– Сиријците, вклучувајќи ги и Курдите, би требало да одлучат за иднината на Сирија, на која и е потребен долготраен мир, изјави Рохани. Тој рече дека ги поддржува напорите за „чистење” на сирискиот регион Идлиб од поранешни борци од екстремистичкиот Нусра фронт.

Рохани, по средбата во Сочи со рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Ердоган, порача дека е дојдено време да се удвојат напорите за решавање на ситуацијата во Идлиб.

Треба да знаете
Последни објави