Search

Рохани сака воено-временски овластувања за справување со „економската војна”

Претседателот на Иран, Хасан Рохани изјавил пред група духовници дека сака проширени вонредни воено-временски овластувања, за да се справи подобро со „економската војна”, што почна со повлекувањето на Владата на Трамп од нуклеарниот договор и санкциите.

Според Ирна, претседателот Рохани дал пример со војната во Ирак во 80-те години кога воено-времениот врховен совет можел да заобиколи останати власти за да донесува одлуки по однос на војната и економијата.

Во информацијата на агенцијата не се споменува што точно би вклучувале новите овластувања.

– Денешната ситуација не е поволна за преговори и нашиот избор единствено е отпор, изјави Рохани.

Треба да знаете
Последни објави