Search

Рохани: САД ја пропушти можноста да ги укине санкциите кон Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека САД пропуштиле историска можност да ги укинат санкциите кон Иран за време на епидемијата на коронавирусот.

Рохани, на телевизискиот пренос на состанокот на Кабинетот, рече дека ова било одлична можност САД да се извинат и да ги укинат неправедните санкции наметнати за Иран.

– Санкциите не влијаеја негативно во борбата против коронавирусот во оваа земја, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави