Search

Рохани: САД влегоа во економска војна со Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека, со санкции врз доларот, САД влегоа во економска војна со Техеран, како и со користењето на можностите на банкарскиот систем и мултинационалните економски институции, пренесува Анадолија.

Рохани овие критики за новите американски санкции врз Иран ги спореди со медиумите по состанокот на Советот на министри во Техеран.

Тој додаде дека САД имаат за цел да ги затворат сите економски канали на Иран.

„Не се во прашање санкциите, туку економска војна. Ние сме во економска војна. САД со доларите, банкарските активности и мрежи, како и користењето на финансиите и мултинационални компании влезе во економска војна со Иран, рече Рохани.

Иранскиот претседател Рохани додаде дека САД не успеаја во Советот за безбедност на Обединетите нации да го обноват ембаргото за оружје.

-САД не претпоставуваа дека 13 земји ќе се спротивстават. Ова е успех и победа на Иран. Иран, како и пред 40 години, денеска оствари голема правна, политичка и дипломатска победа, рече Рохани.

Треба да знаете
Последни објави