Search

Рохани: Не треба да дозволиме „терористите” во Белата куќа да го изолираат Иран

Иранците не треба да дозволат политиката на претседателот на САД Доналд Трамп за „максимален притисок” врз Техеран да го нарушава единството на нацијата пред парламентарните избори, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.

– Не треба да дозволуваме Доналд Трамп да создава јаз меѓу власта и луѓето. Треба да останеме обединети, рече тој.

– Не им вртете грб на изборите (на 21 февруари). Да имаме висока избирачка активност, додаде Рохани во говор емитуван на државната телевизија на Иран.

Тој повторно ја критикуваше политиката на Трамп и додаде дека Иранците не треба да им дозволат на „терористите” во Белата куќа да „го изолираат Иран”.

Треба да знаете
Последни објави