Search

Рохани: Иран ќе формира своја безбедносна коалиција во Заливот

Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека Иран ќе формира своја безбедносна коалиција во Персискиот Залив и ќе покани и други земји да се приклучат кон неа, бидејќи САД испраќаат се повеќе војници во Саудиска Арабија и ја предводат сопствената воена коалиција во регионот.

Пред неговото заминување за Генералното собрание на ОН во Њујорк, Рохани рече дека Иран ќе ги повика „сите поморски држави од Заливот” да се приклучат на неговата коалиција за „да ја гарантираат безбедноста на регионот”.

Тој додаде дека деталите за иницијативата ќе ги претстави пред Обединетите нации и нема да биде ограничена на безбедносни прашања, туку ја опфаќа и економската соработка. Според Рохани, коалицијата е план за долгорочен мир во регионот.

Иницијативата на Рохани доаѓа во услови на зголемени тензии на Блискиот исток во врска со серија напади, вклучително и врз нафтена постројка во Саудиска Арабија, за која САД го обвинуваат Иран.

Треба да знаете
Последни објави