Search

Рохани: Иран ќе преговара со САД доколку ги укинат санкциите

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран ги поддржува преговорите со Вашингтон, но пред тоа прво треба САД да ги укинат санкциите што и ги наметнаа на Исламската Република.

-Исламска Република Иран ги поддржува преговорите и, доколку САД навистина сакаат да зборуваат, пред се друго тие треба да ги повлечат сите санкции, изјави Рохани на иранската телевизија.

Тензиите меѓу САД и Иран се засилија откако минатата година САД се повлекоа од нуклеарниот договор од 2015 година, што за цел имаше да ги ограничи иранските нуклеарни активности.

Пред извесно време Иран призна дека ги прекршува ограничувањата за производството на збогатен ураниум, што се користи за добивање на гориво за реактори, но, исто така, потенцијално се користи и за нуклеарни бомби.

Треба да знаете
Последни објави