Search

Рохани: Иран ќе ги надмине санкциите на САД

Иран ќе ги надмине санкциите на САД на еден или друг начин – или ќе ги заобиколи или преку преговори, рече претседателот Хасан Рохани, објави иранската студентска новинска агенција ИСНА.

„Владата е решена да го победи непријателот, така што ќе ги заобиколи санкциите на Америка или преку разни средства, вклучувајќи разговори, но нема да ги премине нашите црвени линии“, рече Рохани, говорејќи на состанокот на кабинетот.

На состанокот, кој се фокусираше на напорите на владата за борба против сиромаштијата и невработеноста, Рохани истакна дека санкциите на САД, вклучувајќи банкарски и ограничувања за извозот на нафта, значат пониски приходи за владата, кои имаат влијание врз животот на обичните Иранци.

Сепак, тој додаде дека владата работи на зајакнување на компаниите за производство и знаење, за привлекување инвестиции и за зголемување на самоодржливоста во земјоделството и енергијата за справување со економските проблеми.

Рохани исто така ги повика своите сограѓани да не веруваат во шпекулациите за кои рече дека ги пропагираат непријателите за наводните владини планови за затворање на Интернет, отфрлајќи ги како неточни. Наместо тоа, рече тој, земјата работи на создавање стабилна национална информативна мрежа што ќе го надополни, но нема да го замени интернетот.

Во неделата, иранската влада го презентираше нацрт-буџетот за 2020 година во обид да го минимизира влијанието на силниот притисок на санкциите на САД против Техеран со намалување на зависноста на земјата од извозот на нафта.

Треба да знаете
Последни објави