Search

Рохани: Европа има малку време да го спаси Договорот со Иран

Европа има малку време да го спаси меѓународниот нуклеарен договор со Техеран по повлекувањето на Вашингтон, изјави денеска претседателот на Иран, Хасан Рохани.

– Сега е пресуден момент, а Франција се уште може да работи со другите потписници на Договорот и да одигра историска улога за да го зачува Договорот во овој многу краток временски период, истакна Рохани.

Тој додаде дека пропаѓањето на нуклеарниот договор не би бил во интерес ниту на регионот ниту на светот.

Иранските медиуми денеска објавија дека Техеран ќе објави нови чекори кои се однесуваат на помало почитување на нуклеарниот договор, кој САД го напуштија минатата година, објавија ирански медиуми.

– Иранската организација за атомска енергија денеска во фабриката за преработка на тешка вода Арак ќе објави подготвителни чекори кои ќе се преземат за натамошно намалување на обврските на Техеран кон договорот, наведуваат медиумите.

Исто така, се додава дека Организацијата за атомска енергија ќе објави и чекори за зголемување на резервите на збогатен ураниум и производство на тешка вода во Арак.

Иран минатиот месец престана да се придржува кон некои обрски од договорот потпишан со меѓународните сили во 2015 година, а потоа САД еднострано се повлекоа од него во 2018 година и повторно воведоа санкции против Техеран.

Иран тогаш предупреди дека ќе започне збогатување ураниум на повисоко ниво доколку светските сили во рок од 60 дена не ја заштитат неговата економија од американските санкции.

Треба да знаете
Последни објави