Search

Роулинг тврди дека ликот во книгата поради која е критикувана за трансфобија има корени од реалниот живот

Авторката на серијалот романи „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, рече дека еден од ликовите во нејзиниот нов крими роман „Проблематична крв“ – маж убиец кој во една прилика се маскира во жена за да киднапира жртва – е всушност базиран на вистинит убиец од реалниот живот.

Во виртуелна онлајн дебата по објавувањето на книгата во вторникот, голем број хаштагови про-и-анти-Роулинг се појавија на Твитер, а според една рана рецензија во весникот „Телеграф“, пораката на книгата е „никогаш да не му верувате на маж во фустан“.

Некои луѓе од твитер заедницата ја критикуваат мегапопуларната Роулинг за наводна трансфобија, додека приврзаниците го бранат нејзиното право да пишува фикција без луѓето да донесуваат заклучоци за нејзините верувања.

Британската писателка веќе долго време се соочува со обвинувања за трансфобија поради некои свои твитови, но таа ги отфрла ваквите наводи. Во есеј во јуни, таа го бранеше своето право да зборува за транс и родови проблеми без страв од злоупотреба, нагласувајќи дека е загрижена од влијанието на транс-активизмот врз правата на жените.

Романот Troubled Blood („Проблематична крв“) на 900 страници е петти во серијалот „Корморан Страјк“, кој Роулинг го пишува под псевдонимот Роберт Галбрејт.

Пишувајќи на својата веб-страница Галбрајт, писателката го опиша ликот како „садистички сериски убиец активен во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, кој делумно се темели на двајца убијци и манипулатори од реалниот живот, Џери Брадос и Расел Вилијамс, кои земале трофеи од нивните жртви“.

Треба да знаете
Последни објави